Вооружени полицајци во цивил ќе патуваат во турските авиони со цел да ја засилат нивната безбедност

Од:

Вооружени полицајци во цивил ќе патуваат во турските авиони со цел да ја засилат нивната безбедност, согласно промените во наредбата на турската цивилна авијација, направени од Министерството за транспорт, морепловство и информации, соопштува турскиот сајт Ворлд булетин.

Полициските припадници ќе имаат право да ги запираат од натамошно патување патниците кои, според нив, се сомнителни.

Полицајците ќе патуваат во авионите, регистрирани во Турција, и во вонредни околности ќе можат да користат и оружје.

Полициските припадници, кои ќе патуваат во авионите, ќе бидат избирани од Главната дирекција за цивилна авијација, Министерството за надворешни работи, Националната полициска служба и Националната разузнавачка организација (МИТ).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски