Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

Од:

Во Црна Гора се прогласува крај на епидемијата на коронавирусот, одлучи денеска Националното координативно тело, по предлог на Институтот за јавно здравје.

– Ова е резултат на неколкумесечните напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата! Некои мерки ќе бидат укинати, но со оглед на тоа што пандемијата се уште трае, остануваат во сила мерките против импортација на вирусот, соопшти Владата на својот официјален профил на Твитер.

Поминаа 28 дена откако во Црна Гора не се регистрирани нови случаи на коронавирус. Тоа значи дека се исполнети сите услови за официјално да се прогласи крај на епидемијата, јавуваат црногорските медиуми.

– Од вчерашниот пресек на состојбата, завршени се анализите на 133 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција со Ковид-19. Сè уште нема активни случаи, објави претходно Институтот за јавно здравје.

Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.

Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.

Во моментов, 1.064 луѓе се под надзор.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала