Ослободено седумчлено француско семејство

Од:

Седумчлено француско семејство која беше киднапирано на север на Камерун и однесено во Нигерија е ослободено, соопштија локалните власти.

-Сите се живи и здрави – изјави претседателот на владата на Камерун, Фердинанд Нго Нго.
Според неговите зборови целото семејство е предадено на властите на Камерун.

Семејството беше на одмор кога во февруари беше грабнато од вооружени лица во близина на границата со Нигерија, кај националниот парк Ваза.

Киднаперите кои за себе тврдат дека се припадници на нигеријската исламистичка група Боко Харам, објавија видео снимка од киднапираното семејство и се заканија дека ќе ги убијат, доколку властите во Нигерија и Камерун не ги ослободат од затвор екстремните муслимани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт