Стојмир Дејаноски е нов претседател на КК Гостивар, клубот се подготвува за настап во АБА 2 лигата

Од:

Кошаркарскиот прволигаш од Гостивар доби нов претседател. По истекот на мандатот на досегашниот Игор Ристоски, на раководната позиција претседател на Управниот одбор на КК Гостивар е избран Стојмир Дејаноски, гостиварски стопанственик и доскорешен член на управата на клубот.

Смената на раководната функција се случила по синоќешниот состанок на кој главни теми биле плановите за наредната сезона. На состанокот биле потврдени функциите на Ѓорѓи Божиновски (спортски директор), Александар Трпевски (финансиски директор) и Ивица Адамовски (извршен директор).

Раководството на клубот дискутирало и за учеството во АБА2 лигата, за која во гостиварскиот прволигаш сериозно се размислува. Од тие причини биле разгледувани условите во салата „Младост“ во која тимот ги игра натпреварите како домаќин. Салата засега не ги исполнува критериумите за одигрување на натпревари од повисок ранг кои се пропишани од ФИБА. Претходно биле констатирани некои недостатоци кои се однесуваат на греењето, соблекувалните, семафорите, покривот на салата, влезовите, осветлувањето и инфраструктурата околу објектот. За ова се разговарало и со локалната самоуправа, во чија сопственост е салата и од градоначалникот добиле ветување дека тоа може да се надмине за кусо време.

Раководството на КК Гостивар ја утврди финансиска рамка според која ќе се димензионира и буџетот на клубот за идната сезона.

Од клубот информираа дека се чека на насоките од КФМ и ФИБА за отпочнување на подготовки и стартот на новата натпреварувачка сезона.

По почетокот на вториот дел прекинатото првенство, КК Гостивар го засили играчкиот кадар и најави пласман во врвот на табелата. Пред прекинот, клубот беше на третото место на табелата со 29 бода исто колку и второпласираниот Работнички.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи