Бајден: Трамп ја користи американската војска против Американците

Од:

Демократите во САД ги осудија заканите на американскиот претседател, Доналд Трамп дека ќе испрати војска во градовите и државите за да запрат насилните протести.

Поранешната државна секретарка и кандидат на претседателските избори во 2016 година, Хилари Клинтон, оцени дека станува збор за „застрашувачка употреба на претседателската моќ“.

„Претседателот на САД и нареди на американската армија да употреби солзавец и да пука со гумени куршуми кон мирните демонстранти, како што можев да видам. Тоа е застрашувачка употреба на претседателската моќ против сопствените граѓани. За неа нема место никаде, а не пак во Америка“, напиша Клинтон на Твитер.

Поранешниот американски потпретседател и демократски кандидат на претседателските избори, Џо Бајден, оцени дека Трамп ја користи американската војска против Американците.

„Тој фрли солзавец кон мирни демонстранти и испука гумени куршуми. За фотографија“, напиша Бајден.

Демократскиот сенатор, Камала Харис го нарече Трамп диктатор.

„Ова не се зборови на Претседател. Ова се зборови на диктатор“, напиша таа.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд