60 полицајци на служба во Гевгелија од денес во изолација поради позитивен колега – странец

Од:

Околу шеесетмина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија, поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека полицаец од Унгарија кој бил на служба на границата со Грција, имал позитивен тест на коронавирус.

„ Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолација“, рече министерот Филипче.

Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 полицајци во мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс. На почетокот на пандемијата, во март, својот тим од десетмина полицајци во Гевгелија го повлече Србија поради коронавирусот, а претходно го повлече и тимот кој работеше на Табановце.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно