СДСМ: ПЕИ донесе погрешна одлука

Од:

„Ова е очекуван исход од соработката со ПЕИ, со оглед на нивните постапки и политики во пресрет на локалните избори“, реагираше СДСМ во врска со одлуката на ПЕИ да излезе од „Сојузот за иднината“.

„За ваквата нивна одлука бевме официјално информирани во текот на вчерашниот ден. Во врска со денешното соопштение на ПЕИ сметаме дека излегувањето од здружената опозиција е погрешна одлука која не оди во насока на подобрување на состојбите во државата, туку остава дополнителен маневарски простор за актуелната власт. Како и да е, на нашиот поранешен коалициски партнер му посакуваме успех во понатамошното политичко делување“, порача најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет