Италијанскиот парламент ниту денеска, во третиот круг, не успеа да избере претседател на државата.
Бидејќи ниту еден кандидат не освои двотретинско мнозинство, гласањето ќе продолжи подоцна во текот на денот со нов, четврти круг гласање, кога за изборот на нов шеф на државата ќе биде потребно просто мнозинство, пренесоа агенциите.
Парламентарците од партиите на левиот центар го поддржуваат поранешниот премиер Романо Проди, на чија кандидатура остро се противат партиите на десниот центар.
Мандатот на досегашниот претседател Џорџо Наполитано завршува на 15 мај.
Новиот претседател е единствената личност која може да ја прекине пат позицијата во Италија, што трае од општите избори во февруари.