Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии, зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје го повикува Шилегов да одговори кога ја лажеше македонската јавност повеќе, кога неговиот директор Коста Начевски вели дека нема да се купат џипови за службени возила, или кога ја чу снимката на претставникот на Дрисла каде има директно признание за купување на три нови џипови, наместо багери за претпријатието.

Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии главната дилема е зошто ја лажеше јавноста дека нема да се купат службени џипови“, прашуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Не е прашањето каква е состојбата сега и каков автомобил вози директорот, туку зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа?

Ако имало било што криминално во работењето на Дрисла Шилегов две години е градоначалник, а централна власт во државата е неговата партија и Зоран Заев.

Петре Шилегов наместо да троши пари за џипови кој ќе ги користи Коста Начевски треба да купи механизација за работниците во Дрисла“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО