Славчo Чадиев ја презема градоначалничката функција во Велес

Од:

Во големата сала на Општина Велес денеска се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста и функцијата градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник Горан Петров и новоизбраниот Славчо Чадиев.

Новиот градоначалник од Коалицијата „За подобра Македонија“ Славчо Чадиев изјави дека Велес е стабилна општина и без долгови и оти таква ќе биде и по четири години. Чадиев потенцира  дека ќе работи во интерес на сите граѓани и за просперитетот и развојот на Општина Велес.

Досегашниот градоначалник Петров на свеченоста на Чадиев симболично му ги предаде клучевите на градот и му посака здравје и успешна работа. Петров потенцира дека како настан на својот мандат ќе го памети кога 20-те илјади велешани заедно излегоа со порака „Никогаш повеќе – не“ за Топилницата во Велес. Општинската каса, рече тој, ја остава со позитвно салдо од 10 милиони денари и дека се исплатени сите долгови и обврски на општината. Сработеното во изминатите четири години го сублимира во печатен и електронски билтен.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?