Два нови случаја на Ковид-19 во Гостивар, закажани се 50 тестирања

Од:

Епидемиолозите открија два нови случаја на инфицирани со коронавирусот во Гостивар. Со неодамнешните во општина Гостивар, до денес активни се вкупно четири, колку што има и во соседната општина Врапчиште.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, двата нови случаја се регистрирани во селото Чегране.

Со оглед дека работат во јавни установи, епидемиолозите денеска ќе тестираат најмалку педесет нивни колеги и роднини кои, според анкетите, во изминатиот период биле во контакт со нив.

Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на можно зголемување на бројот на заболени, како дел од вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 370 тестови, а во моментов активни се вкупно осум случаи. Од последица од коронавирусот, починаа три лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски