Во Скопје има широко распространета трансмисија, најголем дел од новозаразените имаат од 30 до 39 години

Од:

Од вчерашните 89 новозаразени, 31 лице кажало дека немало контакт со друг заболен од коронавирус, а, пак, еден од заболените, кој е странски државјанин, патувал во изминатите 14 дена, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Останатите 58 имале контакт со веќе потврден случај. Новите заразени се од девет градови низ Македонија, а најголем дел се од Скопје и Штип.

„Регистрирани се 8 хоспитализирани, а кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Пријавени се 7 смртни случаи, од кои само еден немал коморбидитети и контакт со потврден случај“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Најголем дел, односно 27 позитивни на коронавирусот имаат од 30 до 39 години. Од вкупниот број на заразени, 48 лица се женски, а, пак, 41 се од машки пол.

Според категоризацијата на ризиокот од СЗО, Институтот за јавно здравје проценува дека Скопје и Тетово се во четврта фаза, однонсо има широко распространета трансмисија, додека Штип е во трета фаза, што значи дека трансмисијата е локализирана.

Инаку, во нашата држава најмладиот заразен е бебе, а најстариот 94-годишен граѓанин. Според статистиките кои ги води ИЈЗ, најголемиот број на заболени се на возраст од над 60 години.

Од вкупниот број заболени, односно 2315 случаи, кај 765 случаи не се регистрирани симптоми на заболувањето, додека, пак, 575 имале контакт со потврден случај.

„Според исходот од заболувањето, 606 лица се активни случаи, 1.569 случаи се водат како оздравени. Од оздравените, 345 биле хоспитализирани во болница, додека останатите 1.224 биле на домашно лекување“, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски