ФБИ распоредува свои единици низ САД за да ги спречи нередите

Од:

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) отвори оддели низ САД со цел побрзо да се реагира на протестите поради убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Американската ТВ мрежа информираше дека официјален претставник на Министерството за правда изјавил дека главниот обвинител, Вилијам Бар му наредил на специјалниот тим на ФБИ да и помогне на локалната полиција во Вашингтон за време на протестите.

Бар, исто така, испратил интервентна единица од Одделот за затвори во Вашингтон и во Мајами, соопштија официјалните лица.

Во меѓувреме, полицаецот од Минеаполис Дерек Шовин, кој го усмрти Флојд давејќи го со колено, беше пренесен во затвор до неговото прво појавување пред суд.

Тој е осомничен за убиство од трет степен и малтретирање, првото сослушување пред суд му е закажано за 8 јуни, а одредена му е кауција од 500.000 долари.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија