Повеќе француски медиуми пренесоа дека е отворена судска информација за финансирањето на претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Според веста, судската информација е отворена денеска од страна на јавното обинителство во Париз.
Таа се однесува на обвинувањата според кои дел од претседателската предизборна кампања кога Никола Саркози во 2007 беше избран за претседател на Франција, беа финансирани од страна на Либија, од режимот на Гадафи.