Жиру: Загрижен сум за можноста да играме без навивачи

Од:

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру изјави дека е загрижен за играњето без навивачи, но среќен што повторно е со своите соиграчи.

Англиското фудбалско првенство ќе продолжи на 17 јуни по скоро 3 месеци пауза поради пандемијата од коронавирус, но на стадионите нема да бидат дозволени гледачи.

– Почнавме да тренираме на 19 мај. Одлично е да се вратиме на теренот, повторно да ги гледаме нашите соиграчи и само да играме фудбал. Ми недостасуваше сето тоа, рече Жиру во интервјуто за официјалната веб-страница на УЕФА.

Тој вели дека сè е многу невообичаено, откако работат во групи од пет лица и неопходно е да се задржи растојание од најмалку два метра, што значи дека физичкиот контакт е исклучен.

– Двапати неделно се тестираме за коронавирус. Не користиме простории за сместување, не се тушираме. Мораме да се пресоблечеме пред да заминеме дома. Покрај тоа, во моментов е многу жешко … Не се жалам, но многу се потиме! Ми недостасуваат натпреварите, адреналинот, навивачите. Загрижен сум за можноста да играм без публика. Но, сè е добро, сите роднини се здрави, така што не е редно да се жалам, рече францускиот напаѓач.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски