Повеќе пожари избија во близина на Белата куќа, откако мирните протести се претворија во вандализам, резултирајќи со палење на згради и масовни кражби.
На само 300 метри од седиштето на американскиот претседател, Трамп, се наоѓа црквата „Сент Џон“, која беше мета на подметнат пожар.
Снимките од местото на инцидентот покажуваат оган се шири низ храмот, чии ѕидови претходно биле испишани со графити.
Собирот се одржа во знак на протест поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Historic St. John's Church in DC across from the White House is on fire… This isn’t honoring George Floyd. pic.twitter.com/NFgeZYoubP
— TV News HQ (@TVNewsHQ) June 1, 2020
Црквата, која е стара два века, е меѓу најпознатите културни знаменитости во Вашингтон и била посетена од секој претседател на САД.