Јовановски: Тврдењата на обвинителката се цитати од филмови, а не цврсти докази

Од:

Пред вас е идниот лидер на оваа земја, бидејќи не учествувам во кривично правен настан, туку во политички прогон и 11 месеци сум држен во притвор, рече обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во завршен збор за случајот „Рекет“.

На почетокот, Јовановски се пожали што во судница не е присутна јавната обвинителка Вилма Русковска, за да го чуе додека зборува облечен во бело, исто како Тито.

Бледите завршни зборови на јавната обвинителка, рече тој, беа цитати од филмови, а не цврсти докази како што доликува на ваков кривично-правен настан.

– Зоран Милевски е пуштен со агенда, затоа што е агент провокатор и се ближат избори, изјави Јовановски.
А тука, нагласи Јовановски, гоните двајца невини луѓе.

– Кој му дозволи на Јордан Камчев да бара помош од Бугарија за да конструира вакво нешто.  Уривањето на СЈО и 1 ТВ сигурно не е случајно, изјави Јовановски.

Имам, рече тој, отворено сомневање на правно-политичкиот систем и спрегата со Зоран Милевски.

– Ова лажно Луј Витон обвинение е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев. Камчев може дал милион евра, а може и повеќе, но не на Бојан Јовановски. Можеби и затоа не дозволивте вештачење на мојот телефон, рече Јовановски.

Тој пред судот покажа фотографии со куфер Луј Витон, за кој вели дека го купил во 2012 години во Виена, и за кој обвинителката Вилма Русковска кажала дека е чантата од видеото на Камчев сликана во домот на неговите родители.

– Одговорно тврдам дека таа Луј Витон чанта на Зоран Милевски ја немам допрено и не знам што има внатре. Тој само ме остави кај моите родители, изјави Јовановски.

Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев.

-Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, изјави Јовановски.

Тој рече дека не се плаши од никого, а на почетокот најави дека ќе ја отвори целата „пандорина кутија” и се надева дека судот ќе почне постапка по допрен глас.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор