(ВИДЕО) Стојаноски: Заев потфрли, Комисијата за заразни болести ги стави партиските интереси пред здравјето на граѓаните

Од:

„За жал, Република Македонија е помеѓу земјите во кои граѓаните, на дневна основа, слушаат за двоцифрени бројки на ново заразени од корона вирусот, додека во исто време, земјите од нашето опкружување ги отвoраат границите и прогласуваат успшен исход во борбата со пандемијата на Ковид 19. Нашата земја е високо на листата, но на онаа негативната, според бројот на заболени на милион жители и според бројот на починати на милион жители.

Дали и зошто граѓаните се оставени сами да се справат со т.н. „нова реалност”?

Се поставува прашањето зошто актуелната власт и надлежните институции, а пред се министерството за здравство, комплетно потфрлија во справување со корона вирусот споредбено со земјите од нашето опкружување“, изјави Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, од самиот почеток на оваа криза, бараме во континуитет да постои само еден единствен приоритет, особено сега во актуелните новонастанати услови, а тоа е здравјето на граѓаните да се стави пред сè и над сè.

Дали е толку тешко да се реализира ова барање? За разочарувањето од одлуките на Комисијата за заразни болести е беспредметно да се коментира.
Прашуваме зошто, наместо да ги направат сите напори за справување со епидемијата според етаблираните епидемиолошки и медицински параметри, членовите на Комисијата се потрудија единствено да ги следат и задоволат партиско-политичките интереси?

Дали и зошто, повеќето од членовите на Комисијата за заразни болести се презентираа како лица кои ги ставија личните и партиските интереси пред интересот и здравјето на граѓаните?

Тоа ќе го проценат граѓаните сами.

Република Македонија располага со реномиран и докажан медицински кадар кој што знае прецизно како и што треба да се направи во една ваква состојба.

Затоа мора да го искористиме потенцијалот на професионалците и да се формира ново, комплетно независно тело од докажани експерти на кои водилка им е пред сè и над сè здравјето на граѓаните.

Остануваме доследни на сè што сме изјавиле досега. Наш единствен приоритет беше, е и ќе остане здравјето на граѓаните“, рече Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски