Системот на ФЗО во целосен прекин, докторите не можат да издаваат рецепти, ниту да закажуваат термини за тестирања и прегледи

Од:

Сервисот на Фондот за здравствено осигурување преку кој докторите закажуваат термини за прегледи и издаваат рецепти не работи од утринава. Поради ова, тие не можат да ги извршуваат своите редовни работни обврски, односно нивната работа е во целосен прекин.

Матичните доктори со кои контактираше „А1он“ велат дека немаат добиено известување од Фондот дека услугите ќе бидат во прекин, а неофицијално се информирале дека сервисот не работи бидејќи  изгорел главниот кабел од серверите.

„А1он“ се обиде да исконтактира со Фондот за здравствено осигурување, но неуспешно. Оттаму не одговорија на телефонските повици. Вработени во Фондот брифираат дека ниту тие не знаат колку време ќе трае дефектот, односно нефункционалноста на сервисите. Тие биле известени од ИТ-службата дека сервисерите работат, но не им било кажано дали ќе се отстрани проблемот до крајот на денот.

Докторите не знаат како да постапат во овој случај, кога системот е целосно нефункционален. Тие велат дека се оневозможени да постапуваат дури и ако треба итно да издадат рецепт. Исто така, под прашање е доведено и закажувањето на термин за тестирање на пациенти за Ковид-19, бидејќи не знаат дали функционира и тој сервис.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски

ФЗО ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, критична е состојбата со средномедицинскиот персонал

Горан Наумовски

Клековски: За десетина дена ќе знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови

Клековски и Аџигогов се нови директори во ФЗО

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on