Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, на својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на Ковид -19.
– Ќе ја искористам можноста преку овој вид комуникација со вас да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со коронавирусот. Воедно, сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше ПОЗИТИВЕН на тестот за Ковид -19, затоа од овој момент ќе останам во САМОИЗОЛАЦИЈА и ќе дејствувам според протоколите на соодветните здравствени институции, напиша Ганиу.
Тој апелира до граѓаните на внимателност, придржување до мерките и сериозно третирање на оваа проблематика бидејќи, како што вели, состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да биде полошо.