САД испратиле во Бразил два милиона дози хидроксихлорикин

Од:

САД му испратиле на Бразил две милиона дози од антималарискиот лек хидроксихлорикин и покрај предупредувањата на здравствените работници за можната изложеност на ризик доколку се користи.

Владите на двете држави ова го соопштија само неколку дена откако Светската здравствена организација објави дека ќе го прекине тестирањето на овој лек врз пациенти со Ковид-19 поради здравствените ризици, пренесува „Гардијан“.

Двајцата претседатели ја промовираа употребата на овој лек, иако дури и Управата за храна и лекови на САД издаде предупредување дека лекот не треба да се користи во борбата против вирусот.

“Американците и Бразилците работат заедно во борбата против коронавирусот. САД на луиѓето во Бразил им доставија два милиона дози хидроксихлорикин. Лекот ќе се користи како профилакса за да им помогне на медицинските сестри, лекарите и здравствените работници во борбата против вирусот. Ќе се користи и како терепаија за заразените Бразилци “, се наведува во заедничката изјава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија