Град Скопје: Некогашниот напуштен простор во Кисела Вода сега е нова зелена површина

Од:

Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври. Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на истиот се создаваа поголем број на депонии со шут и отпад, информираат од Град Скопје.

„Изминатиов период екипите на Град Скопје работеа на расчистување на просторот и рамнење на теренот, каде беше посадено нова трева, а во наредниот период следува и садење на планираното зеленило“, велат од Град Скопје.

На новиот парк, што е на површина од околу 16.000 квадратни метри, во текот на есенската акција за садење ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки, соопштуваат оттаму.

Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии сега да прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси