ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на Заев и неговата лажна нормалност ја претвораат Македонија во балканска Ломбардија

Од:

„Новата лажна нормалност на Заев носи нови црни биланси. Во едно деноноќие имаме 35 нови заболени од корона вирус и за жал 5 нови починати. Додека здравствените власти, Филипче, Комисијата за заразни болести и СДСМ се интересираа само како брзо да организираат избори, граѓани во Македонија се разболуваат и умираат.

Додека тие работеа по диктат на Заев како да го спасат од убедлив пораз, бројката на заразени и починати уште повеќе се зголемува. За последните 4 дена имаме 150 нови заболени и 15 починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целиот регион има исклучителен успех во справувањето со епидемијата, а Македонија се претвора во балканска Ломбардија. Имаме вкупно 2164 заразени и 131 починати. Со овие бројки Македонија е рекордер по смртност и по заразени во регионот на еден милион жители.

И покрај ваквите црни биланси Заев и СДСМ се уште се однесуваат неодговорно и ноншалантно и се уште прв приоритет им се изборите, мислејќи дека така ќе има мала излезност и нивниот пораз нема да биде катастрофален.

ВМРО-ДПМНЕ е различен од СДСМ. Ние бараме прво одговорен пристап кон сериозноста на состојбата со корона кризата, а потоа ќе следи соочување на избори на кои Заев неминовно ќе изгуби.

Народот ќе го казни Заев за овие три години во кои видовме целосна неспособност, криминалитет, корупција и хибриден режим на власта и од тоа Заев нема да избега“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски