(ВИДЕО) Стојаноска: Обвинителството не повело постапка против Дончев во 2018 и му овозможило да го потврди делото и во 2019 година

Од:

„Новото нормално на Заев и луѓето околу него е: додека Македонија брои жртви и починати од корона, институциите под нивна контрола да ги спасуваат криминалците како Ден Дончев.

Целиот државен систем на Зоран Заев и ЈО на Вилма Русковска е ставен во функција на штитење на криминалот на Ден Дончев. Финансиските институции за истрага и прогон и ЈО со години не смеат да процесуираат предмет против главниот играч на Заев Дончев.

Медиумите објавија аргументи во јавноста дека Дончев, спротивно на закон, во два наврати, еднаш во 2018 и втор пат во 2019 година, се стекнал со 50.000 евра и 80.000 долари наизменично. Аргументите и доказите кои ги посочуваат медиумите се очигледни! Дончев се стекнал со десетици илјади евра на нелегален начин!“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалот го гледаат сите, само не институциите кои се должни да го санкционираат. Две години немало и сè уште нема никаква реакција, ниту од Управата за финансиско разузнавање, ниту од ЈО на Русковска.

ЈО не го санкционирало Дончев во 2018 година и со тоа дозволило истиот повторно да го стори истото незаконско дело и во 2019 година.

Обвинителството кое две години го штити Дончев, продолжува истото да го прави и сега, откако во медиумите излегоа сите аргументи, но и обвинувања дека за Дончев има комплет докази, и за трето, и четврто кривично дело во ЈО, како тој преку посредници годишно земал и до 2 милиони евра од приватни фирми кои имаат соработка со ФЗОМ, за истиот навреме да им плати за сработеното, но и за рекет врз Вера Иванова сопственичката на Диамед.

И покрај бројните криминали кои му се ставаат на товар и за кои јавноста дозна преку медиумите, а не преку институциите, и кои беа главната причина за оставката на Дончев, ЈО го спасува.

Имено, обвинителството го тргнало Дончев од стоп листа за излез од државата и со тоа практично му остава отворена можност истиот да ја напушти државата.

ЈО со своето непостапување ќе биде директно виновно доколку Дончев се впушти во бегство и не се соочи со правдата во Република Македонија.

Со СДСМ имаме само криминал и корупција. Македонија тоне. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС