ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев се плаќаат со човечки животи

Од:

„СДСМ се тотално одлепени од реалноста. Нивната нова нормалност се руши како кула од карти. Народот веќе не им верува ниту ним , ниту на Филипче, ниту на Заев.

Во ден кога во Македонија е забележан црн биланс со 52 нови заразени граѓани, СДСМ излегуваат со нови манипулации за платите на лекарите и здравствените работници и ги обвинува граѓаните за ширењето на заразата.

Далеку се лекарите од ветените 100 илјади денари плата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Реалноста е дека заради СДСМ и политичките амбиции на Заев имаме фијаско во борбата со коронавирусот, а секој загубен живот оди на совеста на Заев.

Во едни вакви услови Зоран Заев турка избори што значи директно туркање кон изборна кланица.

Ситуацијата е излезена од контрола.

Се покренува и сериозен сомнеж во работата на комисијата за заразни болести и во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат. Народот умира, а Заев води кампања. Денес мртвите и заразените од корона одат на нечистата совест на Зоран Заев.

Повикуваме да се разрешат членовите на Комисијата за заразни болести и на нивно место да дојдат експерти со морален интегритет, луѓе на кои здравјето на граѓаните ќе им биде врвен приоритет.

Нив приоритет не им беа лекарите и здравјето и животите на граѓаните, туку приоритет им беше политиката и тоа како да го ублажат поразот и да ја спасуваат кариерата на Зоран Заев. Затоа правеа се само и само да се одржат избори по цена на здравјето и животите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДСМ. Народот ќе го казни СДСМ и Зоран Заев заради трите години хибриден режим, неработење, неодговорност, криминали и корупција“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО