Рено останува во Формула 1

Од:

Клотилда Делбо, в.д. генерален директор на Рено, соопшти дека производителот на автомобили нема да го укине тимот во Формула 1.

Претходно, корпорацијата објави план за заштеда, кој вклучува намалување на околу 15 илјади работни места ширум светот, од кои 4,6 илјади ќе бидат намалени во Франција.

– Потврдуваме дека остануваме посветени на Формула 1. Најавата за нов плафон на трошоците во ова натпреварување е многу корисна за нас, затоа што мора да инвестираме помалку во оваа област од некои наши конкуренти кои трошат многу пари, изјави Делбо.

Формула 1 претходно објави дека почнувајќи од 2021 година, лимитот на трошоците за тимовите ќе биде поставен на околу 145 милиони американски долари, со натамошно намалување во наредните години.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес