(ВИДЕО) Стојаноска: Да се збори за избори во едни вакви услови е морбидно, бараме разрешување на комисија за заразни болести

Од:

„Новото нормално за Заев и Владата на Спасовски е што денес имаме дури 58 новозаразени, и неколку починати.

Ова е крајно сериозна и алараматна информација која треба да ја крене на нозе државата и да го сврти вниманието кон системот кој не функционира и се плаќа со животи.

Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.

До овде дојдовме затоа што Владата, Филипче и Заев глумеа нормализација, а новото нормално е 58 новозаразени и бројка која постојано расте. Здравјето на граѓаните мора да биде пред сечив политички интерес без оглед дали се работи за интересот на Заев или некој друг.

Се поставува сериозен сомнеж и за работата на комисијата за заразни болести, и препораките кои тие ги даваат во изминатиот период. Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење на одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата исто како и владата потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на комисијата за заразни болести, и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Тоа е примарно да се направи во овие моменти“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ