Папата Франсис одлучи да не го исплати т.н „бонус од папа“, кој е додаток на 4.000 вработени во Ватикан, кој го добиваа за време на празната столица.
Во мај 2005 година, по смртта на папата Јован Павле Втор, секој вработен во Ватикан прими по 1.000 евра и 500 евра кога беше избран Бенедикт Шеснаесети.
Кога во февруари годинава Бенедикт се повлече од должноста, италијанскиот кардинал Тарцисио Бертоне им го скрати додатокот со образложение дека папата не починал.
Аргентинскиот папа Франсис кој се залага за сиромашна Црква за сиромашните, одлучи на вработените да им го ускрати додатокот и парите да ги даде во хуманитарни цели.
Елена Георгиевска