Потврдени 52 нови случаи на коронавирус, од нив 26 се од Скопје

Од:

Нови 52 случаи на коронавирус се дијагностицирани во изминативе 24 часа, потврдува за „А1он“, директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Тој вели дека од нив 26 се од Скопје, а заболени има и од други градови како Тетово, Штип, Прилеп.

Директорот Зибери вели дека во Скопје случаи се потврдени во скоро во истите општини како и претходните денови, како што се Сарај, Чаир, Бутел. Повеќето случаи се инфицирани преку семејни собири, ифтарски вечери, одење по гости и прослави во домашни услови.

Со ова, бројот на дијагностицирани активни случаи се зголемува. Освен Скопје, според бројките, на врвот на листата се и Тетово, Веле, Куманово и Прилеп.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај. Во последните 24 часа направени се 661 тестирање“, информираа од Министерството за здравство.

Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116  и МАНУ -112.  Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани  30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски