(ВИДЕО) Железната тинејџерка: Внуката на Тачер, ги воодушеви Британците со говорот на погребот

Од:

Аманда Тачер одржа впечатлив говор на погребот на својата баба Маргарет Тачер, поранешната британска премиерка и тоа пред милионски аудиториум ширум светот. За многу кратко време оваа 19-годишна девојка стана нова миленичка на британската јавност.

Аманда покажа челична цврстина и држење додека зборуваше во катедралата Свети Павле, за да по одржаниот говор на политичарот кој и даде комплимент, кратко му одговори: “Тоа ми е во крвта.”

Две илјади присутни, меѓу нив и кралицата, премиерот и странски претставници внимателно ја слушаа тинејџерката, која штотуку се запиша на факултет.

По желба на баба и, Аманда доби централна улога на погребот, со цел да и го надокнади тоа што на погребот на нејзиниот дедо, кога имала само девет години била премлада за да одржи говор на погребот.

Тогаш говорник бил нејзиниот брат Мајкл, кој во тоа време имал само 14 години.

Аманда, со јак тексашки акцент, бидејќи живее во Далас, го прочита посланието на свети Павле до Ефесјаните, по волја на бабата. Зборуваше сталожено и сигурно и само повремено ќе го погледнеше текстот, давајќи впечаток дека говорот го знае на памет.

Аманда, чие средно име е Маргарет, и Мајкл (24) се единствените внуци на поранешната британска премиерка и живеат во Тексас со својата мајка.

Само што заврши, на Твитер се најдоа многу коментари, а најчестиот беше дека “јаболкото не паѓа далеку од дрвото.”

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство