СДСМ: Чулев бранејќи го својот шеф Мицкоски, поттикнува ургенции и го нарушува интегритетот на МВР

Од:

„Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев покажа дека нему единствено му е важно како да го одбрани својот шеф, Христијан Мицкоски.

Наместо да обезбеди спроведување на мерките за спречување на пандемијата и да ги заштити граѓаните, Чулев смислува начини како да го оправда скандалозното признание на Мицкоски, кој кажа дека се јавувал во внатрешната контрола, за да врши притисок за случајот „Теретана“, велат од СДСМ.

„Чулев, уште поскандалозно отиде до таму, што од позиција на прв човек на МВР кажа дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги, со што го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци.

Очигледно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се’ да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното неодговорно и незрело однесување, посебно за време на коронакризата, ќе биде казнето од граѓаните, а Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните.

Нивното деструктивно однесување е недозволиво и затоа изборите се решение, а не проблем.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните – особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ