Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора го објави продолжувањето на првенството и Купот на Италија.
Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни.
Реванш полуфиналните средби на Купот на Италија ќе се играат на 13 јуни.
Двојките за купот се: Наполи – Интер (1:0 – прв натпревар) и Јувентус – Милан (1:1 – прва средба).
– Италија е на нозе и со право. Фудбал треба да го стори истото. Се договоривме со медицинскиот протокол, кој потврди за апсолутната потреба за карантин ако играчот покажува позитивен резултат за коронавирус, изјави Спадафора.
Италијанското првенство беше суспендирано поради пандемијата на коронавирус на 9 март.
Остануваат уште 12 кола во сезоната.