Норвешкиот парламент денеска на кратко беше евакуиран поради помала експлозија во просторијата за техника, но никој не е повреден, објавено е на профилот на Парламентот на Твитер.
Полицијата потврди дека имало куса врска на електричниот систем што предизвика чад и прекин на електричната енергија во зградата на Парламентот.
Безбедносните мерки во Норвешка се засилени по нападот на екстремистот Андрес Брејвик во јули 2011 година кога загинаа 77 луѓе.