По одржаните протести во Минесота за смртта на Џорџ Флојд, револтираните граѓани го искажаа својот гнев пред куќата на полицискиот службеник кој го уби Афроамериканецот.
Тие се собраа пред неговата куќа со транспаренти на кои пишуваше „луѓето не убиваат други луѓе, туку полицајците го прават тоа“.
На улицата, протестантите довикуваа „овде живее убицата“, а на патеката која води до неговата куќа, тие истурија црвена боја и напишаа „убица“.