(ВИДЕО) Калеска -Ванчева: Го живееме новото нормално, заедно да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме економијата

Од:

„Почнуваме да ја живееме новата нормалност и затоа сите ние и како поединци и како општество мора да се подготвиме за предизвиците што ќе следуваат.

Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето.

Имаме обврска и одговорност преку доследно почитување на сите мерки да го заштитиме нашето, но и колективното здравје и со тоа да им помогнеме на здравствените работници“, рече Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Здравствената криза се намалува и се држи под контрола, но вирусот се уште е присутен. Затоа не смееме да се опуштиме.

Носењето заштитна опрема на лицето, како маска или марама, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие.

Овие основни мерки за заштита мора да бидат наше правило од кое нема да отстапуваме. Наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.

Новата нормалност значи дека ќе мора да функционираме согласно протоколите за заштита при извршувањето на сите наши секојдневни обврски и активности.

Политичкиот систем кој денес е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамки на оваа нормалност.

На граѓаните, на државата, им се неопходни функционални институции, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните.

Исклучително е важно подготвени да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен, да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме економијата.

Затоа ни се неопходни избори во првиот можен термин за да го дочекаме септември подготвени.

Изборниот процес, кампањата и гласањето ќе бидат организирани согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции, кои ќе бидат безбедни за граѓаните, за нивното здравје и за сите учесници во изборниот процес.

Покажавме дека знаеме и можеме да се справиме со тешки ситуации како што беше здравствената криза и да го заштитиме јавното здравје.

Сега заедно ќе ја обезбедиме новата нормалност, ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и ќе ја рестартираме македонската економија“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он