Министерството за здравство информира дека починале двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74-годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.
Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје на 53-годишна возраст и истиот е позитивен на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.
Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 771, активни 232
• Куманово – 442, активни 36
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 54, активни 19
• Прилеп –211, активни 43
• Тетово – 182, активни 71
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 31
• Битола –29, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1
Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент, велат од МЗ.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.
