(ВИДЕО) Бочварски: Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата

Од:

„СДСМ во изминативе безмалку три години покажа како е да се работи домаќински и одговорно и да се гради по план насекаде низ државата.

Инфраструктурата претставува крвоток на економијата и оттука, секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и за идните генерации.

Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на пандемија, во вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност“, рече Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.

„За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта, а во идниот период продолжуваме со рехабилитација на 1500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци.

Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка.

Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе.

За првпат по неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба и на браната Отиња.

Иако и нашата држава и нашата економија не е поштедена од глобалната криза предизвикана од коронавирусот, сепак тоа не ги попречи капиталните инвестиции. Токму, спротивно, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика.

Нашата земја ланската година и оваа 2020 година, во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

И во услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата.

Токму, кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечки судбини зависат од практичната примена на инфраструктурата.

Затоа, остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава“, изјави Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата