Драматична снимка од апсењето на напаѓачите на Звицер: Украинските специјалци ги спречиле да побегнат во Молдавија

Од:

Поради обидот за убиство на водачот на црногорскиот Кавачки нарко клан Радоје Звицер, уапсени се Емил Тузовиќ, државјанин на Црна Гора, Стефан Ѓ. кој имал фалсификуван пасош на Северна Македонија, исто така државјанин на Црна Гора, како и српските државјани Милан Бранковиќ и Петар Јовановиќ.

Тие се уапсени вчера во Одеса, а за време на апсењето давале отпор и се обиделе да побегнат. Набрзо „исплива“ снимка од полициската потера за напаѓачите на Звицер низ шума и нивното апсење. Тие се обиделе да и избегнат на украинската полиција и да дојдат до границата со Молдавија.

37-годишниот, Радоје Звицер, кој важи за водач на криминалниот клан Кавачки, е тешко ранет во пукање во центарот на Киев.

Според шефот на националната полиција, напаѓачите пристигнале во Украина на почетокот на мај, купиле автомобили и оружје и ја следеле жртвата и неговото семејство. Полицијата се уште трага по Стефан Ѓ.

Според укранските медиуми, кон Звицер биле испукани пет куршуми кои предизвикани прострелни рани во пределот на стомакот. Тој синоќа бил опериран во Киев и се наоѓа во животна опасност. Тој подолго време не живее во Црна Гора, иако важи за лидер на една од најмоќните криминални групи во овој дел на Европа.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он