СДСМ: Борбата со коронавирусот ја продолжуваме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето

Од:

„Сега е време да покажеме дека заедно можеме да ја обезбедиме новата нормалност, да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме македонската економија.

Кризата со коронавирусот спласнува, но вирусот е се уште присутен. Борбата со коронавирусот треба да ја продолжиме преку целосно почитување на мерките за заштита на здравјето.

Носењето заштитна маска или марама на лицето, одржувањето физичка дистанца и зголемена лична хигиена се дел од нашето ново секојдневие“, велат од СДСМ.

„Строгото почитување на овие основни мерки за заштита се наш заеднички влог за новата нормалност и заштита на здравјето на луѓето.

Со тоа заеднички си помагаме, но им помагаме и на здравствените работници кои со месеци се на првата линија на борбата со вирусот.

Новата нормалност значи дека живеачката ќе продолжи согласно протоколите за заштита, во таква, нова нормалност, ќе се одвиваат и сите процеси во нашето општество, така ќе функционираат градинките, училиштата, факултетите, јавниот живот, театрите, фабриките, јавниот транспорт…

Политичкиот систем, кој сега е во крајно комплицирана состојба исто така ќе функционира во рамките на оваа нормалност.

На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт, ново Собрание и политичка Влада со полн капацитет и целосен, нов легитимитет од граѓаните.

Затоа нашата земја, во услови на новата нормалност има потреба од избори во првиот можен термин, организирани во согласност со здравствените протоколи пропишани од надлежните институции, за да можеме подготвени да го дочекаме септември и најавениот нов бран на невидливиот непријател, за да можеме со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата