ВМРО-ДПМНЕ: 25 нови заразени и 3 починати, а Филипче промовира лажна нормалност за да го ублажи поразот на Заев

Од:

„Здравствените власти предводени од Филипче се тотално изгубени во сред епидемија со корона вирусот. Додека нивниот алгоритам и мерки доживуваат фијаско, Македонија бележи нови црни биланси.

Во последното деноноќие се евидентирани 25 нови заболени и тројца починати. Со овие нови случаи бројот на вкупно заразени се искачи на 2.039, а на починати достигна 113 лица. Македонија е црн рекордер во регионот. Македонија е на врвот по починати на милион жители и заразени на милион жители, a е на дното по извршени тестирања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивните аргументи се неубедливи, па и самите не си веруваат. Јасно е како ден дека по политички диктат панично промовираа лажна нормалност, иако секој ден граѓаните заболуваат и умираат од корона вирусот. Хаосот кој го создаваат во тоа брзање да му удоволат на Заев, само дополнително ќе го наруши кредибилитетот на институциите.

Очигледно дека на СДСМ не им е битно здравјето на граѓаните, туку битно им е како да го спасат Заев од дебакл на изборите. Поразот им е неминовен и тоа самите го знаат. Сега се обидуваат само како да го ублажат.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и граѓаните тоа го препознаваат. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Народот ќе ги прекине поразите кога Заев и СДСМ ќе изгубат на изборите“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС