Мишева по трет пат претседавач на советот на Град Скопје

Од:

Ирена Мишева од коалицијата „За подобра Македонија“ беше денеска избрана по трет пат да претседателствува со Советот на Град Скопје, кој по локалните избори е структуриран со 22 советници од владејачката партија, 14 од коалицијата „Сојуз за иднината“, 5 од ДУИ, 3 од ДПА и еден член од ДОМ.

За изборот на Мишева гласаа 30 советници и нејзината кандидатура ја поддржаа советниците од ДУИ и од ДПА, додека советниците од СДСМ се спротивставија на предлогот таа да се постави по трет пат за претседател.

– Кај кандидатот во изминатиот мандат беше забележан конфликт на интереси. За време на својот мандат таа го вработи својот сопруг во јавно претпријатие кое е основано од Град Скопје. Редот за време на нејзиниот мандат не беше на потребно ниво, што е причина да не го поддржиме овој предлог. Во советничката група на СДСМ има луѓе кои немаат црни петна во минатото и се соодветни за местото да го водат овој Совет – рече Софија Куновска, советник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз