Агенциите за поморство, труд и воздухопловство на Обединетите нации повикаа на итна акција за оквалификување на поморскиот и авијацискиот персонал како клучни работници.
Во заедничката изјава, тие велат дека поради патните ограничувања екипажите остануваат заробени во целиот свет.
Агенциите на ОН посочуваат дека оквалификувањето на екипажите на бродовите, како што се риболовни чамци и товарни бродови, ќе им помогне тие полесно да се префрлат и да се вратат во своите домови.
Во соопштението се бара поддршка од владите за олеснување на промените на екипажот и операциите потребни за одржување на глобалниот синџир за снабдување.
Покрај тоа, тие посочуваат дека до крајот на следниот месец на десетици илјади морнари ќе им требаат меѓународни летови за безбедно да се вратат во својата земја.