(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски се однесува незрело и профитерски, изборите се решение, а не проблем

Од:

„Однесувањето на Христијан Мицкоски во време на сериозна здравствена криза е однесување на несериозен, незрел политичар – политички профитер врз здравјето на граѓаните.

Лажеше Мицкоски дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше по Водно.

Лажни вести и деструкција се сето она што граѓаните гледаат од Христијан Мицкоски“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Откако не му успеаја обидите за создавање неоснована паника во јавноста, откако не му успеаја режимските постапки на Наќе Чулев, денес Мицкоски прави сè за да нема избори и државата да ја заглави во неизвесност и криза.

Знае Мицкоски дека на избори ќе биде поразен од граѓаните и затоа бега од изборно соочување, додека неговите кадри во преодната Владата работат на штета на граѓаните и државата.

Тоа не е ништо освен срамно политичко профитерство од страна на незрелиот и неодговорен Мицкоски.

Затоа, почитувани, изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем со полн капацитет и легитимитет.

Само на тој начин уште поефикасно ќе се справиме со последиците од досегашната епидемија, но и ќе бидеме повеќе подготвени да го дочекаме септември и очекуваниот нов бран на вирусот“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски