Караџовски: Никој не може да каже што ќе се случи за три месеци, но факт е дека вирусот слабее

Од:

Може да има зголемен број на случаи во идниот период, вели доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, а тврди и дека вирусот слабее. Тој вели дека системот е изграден и државата може да се справи и при таква ситуација. Според него, ситуацијата е под контрола.

„Во пет градови имаме поголем број на заболени лица кои ги држиме под контрола бидејќи се познати кластери. Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние не можеме да држиме контрола. Ние кога имавме сто случаи дневно ситуацијата ја држевме под контрола, бидејќи имавме 1000 резервни кревети. Да може да се случи зголемен број. Цел свет кажува дека вируленцијата на вирусот слабее. За неколку стотина проценти е намалена можноста за инфекција. Системот го имаме изградено, а кога го имаш него, знаеш како да се справиш“, рече Караџовски.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски потенцираше дека мерките мора да се почитуваат.

„Јас се борам и посакувам, заради нас и секој еден човек, да си ги почитуваме мерките за заштита. Секој има своја мотивација зошто би ги почитувал тие мерки, некој поради личната одговорност, поради себе, поради пријателите, некој има друга мотивација. Ако мотивацијата е некој да патува во странство, ја прифаќам и таа. Како и да е, да направиме се, бројот да биде помал и да го отвориме регионот за патување. Видовме што значи рестрикција на движење, колку една пандемија може да го загрози светот и да извлечеме поуки од тоа“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски