Стапи во сила забраната за влез на граѓани од Бразил во САД

Од:

Стапи во сила забраната на САД за влез на граѓани од Бразил, два дена порано од првичната најава на Белата куќа, како дополнителен напор да се спречи ширењето на коронавирусот.

Официјалните лица не кажаа конкретна причина поради која е променет датумот за почеток на важење на ваквата забрана.

Мерката се однесува за странски државјани кои влегуваат во САД, а кои биле во Бразил во одреден момент изминатите 14 дена.

Според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, Бразил е нов епицентар, според бројот на заразени лица, веднаш зад САД.

Бразилското Министерство за здравство, вчера регистрираше 807 смртни случаи за период од 24 часа.

САД, пак, во еден ден имаа 620 смртни случаи.

Американскиот претседател, Доналд Tрамп има воведено слични забрани за патување за Кина, Иран, Британија, Ирска, и за 26 европски држави во Шенген зоната.

Во меѓувреме, СЗО го стопираше тестирањето на ефективноста на лекот хидроксихлорокин кај пациенти со КОВИД-19, додека експертите ја разгледуваат неговата безбедност.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он