Арсовски: Најважно ни е здравјето на граѓаните, а не спас на нечија кариера на некој функционер од СДСМ

Од:

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања тој ја отфрли можноста ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори во јуни, образложувајќи дека има зголемен број на новозаразени од коронавирус.

„Од она што можам да кажам дека за датум за избори ќе мора да се разговара консензуално односно во моментот кога ќе се оцени дека е можно да се одржат изборите бидејќи најважно во моментов ни е здравјето на граѓаните, а не спас на нечија кариера на некој функционер од СДСМ“, рече Арсовски.

Запрашан за предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на сите мерки, како и отворање на границите од 1 јуни, Арсовски рече дека ќе мора да ги согледаат сите аргументи што Комисијата ќе ги изложи.

„Еве гледаме дека сите оние бројки кои што јавните здравствени установи ги излагаат со нив во медиумите, значат дека наместо да стишува корона заразата гледаме дека бројките се зголемуваат и напротив се шири во период додека дел од државите во регионот прогласуваат победа врз корона вирусот, ние гледаме дека кај нас во моментов се зголемува бројката на ново заразени. Се уште за нас е несфатливо како е можно до вчера да имаме 58-часовен карантин, а од денеска Комисијата за заразни болести да предлага олабавување на мерките и практично како ништо да не се случило, но како што реков ќе мора уште еднаш да ги погледнеме аргументите, а во однос на притисокот за избори како што реков избори во јуни не се можни бидејќи сите бројки кои што ги гледаме на ново заразени упатуваат на тоа дека во моментов здравјето на граѓаните е најважно, а не спас на нечија политичка кариера“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО