Поранешен претседател на Сенатот – фаворит на изборите за нов италијански претседател

Од:

Поранешниот претседател на италијанскиот Сенат Франко Марини е посочен како фаворит за претстојните избори за претседател кои почнуваат денеска, јави ДПА.

Повеќе од илјада пратеници од националниот парламент и регионалните собранија ќе учествуваат во гласањето на кое треба да се избере новиот претседател на Италија.

Левоцентристичкиот лидер Пјер Луиџи Берсани и конзервативниот противник Силвио Берлускони укажаа дека сакаат да го поддржат 80-годишниот Марини.

Тој е член на Демократската партија на Берсани. За да биде избран кандидат за претседател треба да добие две третини гласови во првите три круга кои се очекува да завршат утре наутро. На четвртиот кој ќе биде в петок попладне, е доволно само мнозинство гласови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески