Захарова: САД намерно го уриваат системот на стратешка стабилност

Од:

САД намерно го уриваат системот на стратешка стабилност, бидејќи сметаат дека имаат ексклузивно право на такво однесување, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа истакна дека стратешката стабилност и сите постоечки документи претставуваат правна рамка за активностите на државите, а тоа САД систематски го уништиле, наведувајќи ги како пример договорот за нуклеарни сили со среден дострел и одбивањето на ратификацијата на договорот за нуклеарно тестирање.

– Значи ова не се само празни зборови, тоа се факти кои покажуваат дека САД намерно го уриваат системот на стратешка стабилност, додаде Захарова.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во четвртокот дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо, кој предвидува извидувачки летови преку териториите на земјите потписнички поради следење на воени активности.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот