Повеќе од 30 цивили се заробени денеска во сириската населба Тел Халаф во близина на границата со Турција, објави сириската новинска агенција САНА.
Тие се заробени од вооружените сили на сириската опозиција, која е поддржана од Турција.
Засега не се познати други детали за инцидентот.