Штипските археолози по четири децении ќе работат на локалитетот „Кале“ кај Крупиште

Од:

По 40 години конечно ќе се истражува археолошкиот локалитет „Кале“, кај селото Крупиште во Општина Карбинци. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов вели дека годинава средства од буџетот на Министерството за култура се обезбедени, а се чека активностите да почнат по завршување на вонредната состојба и олабавување на мерките.

Тој најави дека прво што ќе работат е на штипската Саат Кула, а потоа следуваат и археолошките активности на локалитетите, меѓу кои и на „Кале“, кој во научната јавност, но и академик Блага Алексова по истражувањата на терен и пронајдоците тврди дека токму на оваа место се напишани „аз“, „буки“, „веди“, првите букви од глаголицата, што Свети Кирил ги напишал во деветиот век, кога ја создала и правата словенска азбука.

„Првиот проект за истражување на катедралната базилика во Крупиште беше работен многу одамна уште пред 40-тина година , но таа не е истражена до крај. Планираме со проектот да го конзервираме за да заокружиме една целина и во тој дел“, вели Штерјов.

Археолошките претпоставки за овој локалитет и Панонските легенди за браќата Кирил и Методиј, говорат дека глаголицата била напишана во градот Равен, каде за епископ бил назначен Методиј. Во славистичките кругови сега преовладува така наречената, Македонска теорија, според која Глаголицата е напишана по течението на реките Брегалница и Струма.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска